Пролетта, како период на нови почетоци и нови предизвици е совршен тајминг за бројни прошетки, кафиња во бавча и шопинг. Но, тоа не значи дека треба да ги потрошите сите пари на реобнова на Вашиот плакар кога имаме да Ви предложиме Направи сам колан! Следете ги чекорите кои се сликовито претставени…
Што Ви е потребно:
Иако на почетокот делува доста комплицирано за изработка, она што навистина Ви е потребно е доброволен час од Вашето време, едноставни движења на плетење плетенка и мал прибор од машината на Вашата баба. За финалниот ефект, се’ од ова вреди.
На крајот, на Вас останува како ќе го приспособите Вашиот нов Направи сам аксесоар во Вашиот стајлинг… па, пролет е – коланите совршено се вклопуваат на Вашата половина кога носите лелеави фустанчиња! Се’ што Ви недостасува е чанта од коноп :)