Дојде пролет, време за балетанки… но пред да купите нови, дајте им шанса на старите. Одвоете дел од Вашето време и разубавете ги, додадете свој печат и продолжете им го животот за уште една сезона.
Потребно:
- стари балетанки;
- игла и конец;
- соодветен материјал (кој ќе одговара на балетанките);
- ножици.
Чекор 1. Исечете го материјалот во форма на круг.
Чекор 2. Свиткајте го исечениот материјал на четвртина.
Чекор 3. Зашиете го материјалот на балетанките. Повторете ја постапката додека не го добиете посакуваниот лик.
Чекор 4. Повторете ја постапката и на другата балетанка.
Едноставно, брзо… Вашите балетанки се спремни и за оваа сезона.