Фантастична урбана градина направена од рециклирани шишиња, дел од проектот Sweet Home. Тоа е проект во кој тим на луѓе посетуваат домови низ Бразил, обезбедувајќи разубавување на екстериерот и ентериерот. Оваа градина е направена за семејството Робертс: мајка и две ќерки кои имаат приод од 200$ месечно. Ова е прекрасна вертикална градина создадена од рециклирани пластични шишиња, кој изгледа неверојатно.
Ефтино, брзо и креативно, идеја која можете да ја направите сами и оваа пролет да ја разубавите Вашата градина на оригинален начин.
Потребно:
- пластични шишиња;
- дебел конец;
- земја и цвеќиња.
Се што треба да направите е да направите отвори на шишињата (од страните за да може да минува конецот и еден поголем отвор кај ќе биде цвеќето). Ставете ја земјата и засадете го цвеќето. Повторете ја постапката додека не го добиете саканиот број на вакви „саксии“ со цвеќиња. Потоа потрудете се малку и создадете ваква мрежа од Вашите нови „саксии“.
Замислете како би изгледало кога ќе расцветаат цвеќињата… Вреди да се потрудите, зар не?