Одлична работа на Sven Fennema, германски фотограф, љубител на стари напуштени места. Токму таа љубов е мотив за создавање на серија фотографии насловена „Заборавени места“, каде природата во текот на годините создала нов изглед. Секојдневно се соочуваме со природата каде допрела човечка рака, а благодарение на оваа серија добиваме претстава за човечки дела, градби оставени сами на себе; на времето и природата.