Прошетка низ Париз ќе ви даде лекции за историја, убавина и за поентата на животот. – Томас Џеферсон
Прекрасен цитат кој ја отсликува уметничката вредност на градот, која се проткајува низ годините. За таа цел, францускиот сајт Rue89 има импресивна серија на фотографии од Париз од денес во споредба со фотографии од пред речиси 100 години. Уживајте во исконскиот град на светлината кој е лулка на уметноста и светилиште за историјата и убавината.