CARMA е проект на B-Bicycle Culture Magazine, магазин за сите страсни возачи на велосипед. Целта на проектот е да се „избрише“ сето она што еден автомобил го има направено на околината. Од деловите на стар Мерцедес беше направен нов велосипед и дополнителна опрема од тимот на Rcicla Bicletas, со надеж дека тешката карма на автомобилот може да се избалансира со исто толку извозени километри со овој велосипед. Велосипедот не може да се купи, туку позајми. Идејата е што повеќе луѓе да учествуваат во возењето на потребните 159,768 километри кое започна во почетокот на март.