Многу одамна, еден фармер поседуваше имoт по должината на морскиот брег на Атлантикот. Тој постојано даваше оглас дека му се потребни пар раце да ги најми за работа. Но, повеќето луѓе не сакаат да работат на фармите на Атлантикот, исплашени од страшната бура која што беснееше по регионот, предизвикувајќи непоправливи штети по зградите, домовите, нивите. Како што фармерот бараше работник меѓу луѓето, наидуваше на ништо освен одбивања. Конечно, еден слаб човек на средна возраст се приближи до фармерот: „Дали имаш вредни раце за на фарма?“, праша фармерот. „Па, јас спијам кога ветерот дува“, одговори човекот. Иако збунет од неговиот одговор, фармерот во својот очај го најми слабиот човек…
Човекот работел на фармата од утро до мрак, вредно се ангажирал за работата и фармерот бил крајно задоволен. Потоа една ноќ, се слушнал силен крик во ноќта. Скокнувајќи од постелата, фармерот го грабнал фенерот и истрчал надвор, следејќи го крикот до собата на неговиот работник – „Станувај! Бурата надоаѓа! Да ги собереме работите пред да ги однесе во неповрат!“, велеше слабиот човек, превртувајќи се во креветот. Оддеднаш, се смири. „Не господине, јас Ви кажав дека спијам кога ветрот дува.“
Зачуден од однесувањето на својот вработен, фармерот бил во искушение да му даде отказ. Наместо тоа, тој побрзал надвор да се подготви за бурата. На свое изненадување, тој открил дека сите работи од фармата биле заштитени, покриени со церади. Се било обезбедено, врзано, ништо не можело да ги изненади и да ги фати неспремни. Фармерот тогаш сфатил за што станува збор и се вратил во својот кревет за да спие мирно додека ветерот дува.
– Непознат автор