Разубавување на градот, пренесување пораки на оригинален начин, благодарение на склупторот Lorenzo Quinn. Тој создава инсталации од „раце кои си играат со играчки во природна големина“. Мегу неговите инсталации се наоѓа и една под наслов „Esto no es un juego“ или „Ова не е игра“, претставувајќи ја сериозноста од војната низ призма на играчки; војници во зелено, тенк… страв и смрт.
Визуелно слични се инсталациите насловени како „Vroom Vroom“ и „La Dolce Vita“, каде е претставен приказ на раце кои играат со возила во природна големина. Инсталациите се оригинални, креативни, едноставно прекрасни, зар не?