Денот кога светот се фокусира врз вредноста и поддршката на поетите и поезијата како целина се заокружува на 21ви Март секоја година, под иницијатива на УНЕСКО при Обединетите Нации. Поезијата придонесува за креативна разноликост, со сослушување на ре-употребата на зборовите и перцепцијата, води кон завидно разбирањето на светот. Преку метафоричкиот приказ и адекватната граматика, поетскиот јазик е уште еден адут при дијалог меѓу културите. Слободниот проток на идеи преку зборови, креативитет и иновативност – Светскиот ден на поезијата е покана за размислување за моќта на јазикот и комплетен развој на креативните способности кај секој човек.
Тука јасно се создава една дистинкција помеѓу декларирање празник и укажување почит кон поезијата и нејзините пристапници. Со воведување на оваа традиција од 1999 година, се тежи кон подлабоко признавање на вредноста на овој литературен израз како дел од светската историја и уметност. Целта е да се промовира читањето, пишувањето и конзумирањето поетска уметност кое води кон уживање со сите сетила.
„Поезијата е една од најчистите изрази на јазичната слобода. Таа е компонента на идентитеот на народите и претставува креативна енергија на културата која може постојано да се обновува.“
– Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСКО