Сопственикот на една продавница поставуваше над вратата натпис “кученца за продавање”. Овие натписи ги привлекуваат малите деца и сосема природно, пред прагот на продавницата наскоро се појавило момче.
– Колку ги продавате кучињата? – прашало тоа.
Сопственикот на продавницата одговорил:
– Зависи од триесет до педесет долари…
Момчето бркнало во џебот и извадило малку ситни пари.
– Имам два долари и триесет и седум центи – рекло тоа. – Може ли да ги погледнам?
Сопственикот на продавницата се насмевнал, подсвирнал и откај кучешка колибка трчејќи се појавила Лејди, следена од пет мали меки топки. Едно од кучињата накривнувало и поради тоа значително заостанувало зад другите. Момчето веднаш погледнало кон него и прашало:
– Што му е?
Сопственикот на продавницата објаснил дека ветеринарот што го прегледал кученцето, открил дека има вроодена мана и дека тоа нема да се промени.
Момчето се натажи.
– Сакам да го купам тоа кутре.
А сопственикот на продавницата рекол:
– Нема потреба да се плаќа за него. Ако навистина го сакаш ќе ти го подарам.
Момчето многу се разнежнило. Го погледнал сопственикот право во очите, го подигнало прстот и рекло:
– Не сакам да ми го подаруваш. Кученцето чини исто толку колку и другите и јас ќе платам за него целосна цена. Всушност, сега ќе ви дадам два долари и триесет и седум центи, а секој месец ќе ве носам уште педесет центи, додека го исплатам.
Сопственикот на продавницата почнал да приговара:
– Ти сериозно ли сакаш да го купиш тоа кутре? Тоа никогаш нема да може да трча, да скока и да си игра со тебе како останатите…
После овие зборови момчето се наведнало, ја кренало ногавицата од панталоните и продавачот здогледал дека детето има метална нога. Детето го кренало погледот кон сопственикот на продавницата и тивко одговорил:
– Јас самиот не можам да трчам, скокам и играм како другите, а малото кутре ќе има потреба од некој кој го разбира…
Најважно од се’, сите сме исти, а за малкуте работи кои не разликуваа едни од други, треба да имаме разбирање!
Дан Кларк-Пилешка супа за душата.