Роден во Јоханесбург, Јужна Африка, Mario Moreno е фотограф кој ужива во истражување на африканскиот континент. Оваа фото-серија „Silhouettes“ го претставува прекрасниот однос на дивите животни со природата. Документирањето на дивите животни во комбинација на динамичното небо, резултира со вакви експресивни силуети кои се поставени во рамките на уникатни и неверојатни пејсажи. Moreno вели дека за создавање на вакви фотографии, потребно е трпение и постојана потрага по совршен момент кога „се доаѓа заедно… вистинскиот момент, светлината, емоциите, вистинскиот агол; создаваат вакви прекрасни фотографии“.