Сплит – некогаш само мало трговсkо градче, а денес најголем град на Јадранското крајбрежје и еден од најпосетените градови во овој дел на Европа. Грандиозни градби, убави ресторани, брендирани бутици и шармот на Далматинците го прават ова место омилено за многу од светскиот џет-сет. Изобилството на ресторани и винарските визби го ставија Сплит на светската карта на градови познати по доброто вино.
Убавината на Сплит доаѓа како резултат на често менуваната власт низ историјата. Убавиот Сплит бил под римска, венецијанска, австриска, француска, италијанска и југословенска контрола. Секоe од овие владеења, оставило свој белег на овој град. Но не е само човечкиот фактор кој го прави Сплит посебен. Прекрасните пејзажи се едни од природните богатства кои создаваат една целосна убавина. Заливите во градот, со прекрасните плажи на кои во секое време може да се релаксирате од долгите прошетки или пак во вечерните часови да се напите чаша вино во пријатно друштво, се неизбежен дел од Вашата посета во Сплит.
Градбите како Палата на Диоклецијан и Мавзолејот, статуата на Грегори Нински, катедрала и камбанаријата на Св. Доминис ја оправдуваат позиција на УНЕСКО градби кои се назначени за светско културно наследство .