Rollin’ Wild е колекција од анимации на кои се прикажани диви животни со прекумерена тежина; со невообичаени пропорции, не припаѓајќи во нивното природно живеалиште. Целта на овој проект е да се стави акцент на нездравата брза храна, од која дивите животни се заштитени и да сфатиме какво влијание има врз нас. Погледнете како би изгледале дивите животни доколку јадеа брза храна. Креативно и навистина ефективно, зар не?