Mike Brodie поминал 10 години патувајќи низ САД. Тие 10 години, направил повеќе фотографии со кои го документирал својот и животот на своите пријатели. Некои од фотографиите се собрани во албум насловен како „A Period of Juvenile Prosperity“. Неговите фотографии се навистина фасцинантни и оригинални, и тие го прават Brodie вистински колекционер на фотографии од патувања низ Америка.
Денес, Brodie има 27 години и работи како автомеханичар. Вели дека нема да фотографира се додека не создаде вистински живот за него, вреден за меморирање со фотографија.