По првиот уперен поглед во работата на мулти-дисциплинарниот уметник Nicholas Galanin, набљудувачите претпоставуваат дека истата не е реална. Сосема оправдано бидејќи за окото на обичниот човек, овие ремек-дела изгледаат како да не се допрени со рака, а особено не делуваат дека се изработени од материјалот кој стои во дескрипцијата. Меѓутоа, овие уметнички парчиња, практично се крајно реални резби во книги, каде повеќето од нив содржат некаде од 1000 до 2000 страници во совршено извајан портрет кој импресионира. Наш совет е: избегнувајте facebook, а почесто практикувајте face in book… по примерот на Galanin.