Alexandra Benetel е фотограф чија страст кон фотографијата се забележува во секоја нејзина фотографија. Benetel за своите фотографии вели: „Во секоја моја фотографија може да се забележи дел од мене, со секоја фотографија се пронаоѓам себе. Преку мистериозност и светови од моите соништа, прикажувам аспекти на реалноста, на малку поинаков начин.“ Фотографиите се полни со емоција, од чувство на смиреност, до чувство на ранливост; измешани емоции, кои привлекуваат внимание.