По претставувањето на апсолутна нова насловна страница на култниот серијал за малиот волшебник, на 15 годишнината од неговото објавување неговата корица се дигитализира во истиот концепт. Ре-дизајнот е означен како бегство од шарениот микс на сцени со потпис на Mary GrandPré’s во студеното сивило на Kazu Kabuishi. Иако засега е откриен само изгледот на првата книга од серијалот, очигледно е дека се работело на подобрување на целосната презентација на оригиналот. Во меѓувреме, фановите на Хари Потер се појавија со свои минималистички идеи во графички верзии на алтернативен дизајн, кои сериозно може да им конкурираат на официјалните инвентивни илустрации.