Guillaume Gaudet е фотограф кој го обожава Париз и се воодушевува од Њујорк. Има направено повеќе серии фотографии кои ги отсликуваат животите токму во тие градови. Една од сериите фотографии вклучува прекрасни фотографии кои сведочат за најубавиот ден во животот, потврдувањето на љубовта; денот на венчавката. Како што вели Gaudet: „Јас не бев во потрага на класични свадбени фотографии, сакав да ги направам во Њујорк, но прикажувајќи го градот во поинакво светло“.