Многу често во секојдневниот живот ја потценуваме моќта на погледот, допирот, добриот збор. Но најчесто, не сме свесни за моќта на една искрена насмевка – дали од насмеано дете, убав колега или расположена старица; малите работи во животот ги земаме здраво за готово, се’ додека не станеме свесни дека ни недостасуваат бидејќи престанале да се случуваат поради нашата лоша волја и нерасположение. Додека се преиспитувате кога последен сте се насмевнале некому без причина, еве неколку мотивирачки причини да се смеете почесто:
-
Една насмевка не чини ништо, но пружа многу.
-
Ги збогатува оние кои ја примаат, без да ги осиромаши оние кои ја даваат.
-
Никој не е толку богат или моќен кој може беа неа и никој не е толку сиромашен кој живее од неа.
-
Насмевката создава среќа во домот, ја вдомува добрата волја во бизнисот и ја креира сржта на пријателството.
-
Носи одмор на заморените, охрабрување на обесхрабрените, радост на тажните и е најприродниот противотров на неволјите.
-
Сеуште не може да биде купена, побарана, позајмена или украдена – се’ додека важи за нешто безвредно, се додека не се подари.
-
Некои луѓе се премногу уморни за да Ви се насмевнат. Затоа, насмевнете им се Вие и бидејќи никој не е свесен колку има потреба од среќа, се додека не ја добие преку единствената крива линија која исправа многу работи!