Слики во кои луѓето се поврзани во буквална смисла со природата; со нејзините зелени ливади и мирните мориња. Дела на Moki, уметник од Германија, која наоѓа инспирација во работата на Hayao Miyazaki од Јапонија. Во однос на несекојдневниот начин на комбинација на луѓето со природата, Moki вели: „Суштествата исчезнуваат во моето сликарство кое илустрира состојба на умот, кога не може да се направи разлика меѓу вас и другите, тоа е чувство за свесност за она кое Ве опкружува.“