Се сеќавате ли на незаборавните моменти од детството? Барањето чудовишта под креветот, „крадењето“ овошје, снежните лудории и препирките со Вашите другарчиња? Adrian Sommeling е холандски фотограф кој ваквите моменти на својот 6-годишен син, ги има меморирано со помош на фотографии. Sommeling вели: „Децата се мојата најголема инспирација, гледајќи го мојот син се сеќавам на моето детство. Сакам мојот син да има вистинско сеќавање на своето детство. На 6-годишна возраст, мојот син е речиси секогаш во добро расположение.“ Sommeling иако само две години се занимава со професионална фотографија се снаоѓа како професионалец. Претходно дваесет години работел како графички дизајнер и веб програмер. Секоја чест, мора да признаеме дека секој би посакал вакви фотографии од своето детство.