При крајот на зимата добро е да се види сончев ден кој ќе Ве расположи и продавници полни со пролетните колекции кои Ве потсетуваат дека пролетта доаѓа. Zoe Bradley е уметник кој создава цветни инсталации низ излозите на Петата Авенија во Њујорк, создавајќи пролетна идила во зима. Нејзиниот медиум е хартијата, од која таа создава извонредни парчиња кои изгледаат како комбинација на елементи од модата и театарот. Погледнете дел од нејзините дела.