Водејќи се од идејата дека уметноста и играта имаат исцелителна моќ, архитектите Cottrell и Vermeulen и дизајнерот Morag Myerscough креираа прекрасна соба за игра во Royal London Hospital. Идејата била да создадат место за бегство на децата од суровиот свет и од размислувањето дека се наоѓаат во болница. Креативен простор со огромни фигури, прави децата да се чуствуваат како во земјата на чудата. Огромни животни, оригинален дизајн и интерактивна игра создадена од Chris O’Shea со Nexus Interactive Arts: преку која децата можат да влезат во книга, да свират, сликаат, или да уживаат во ефектите на дожд или снег. Прекрасна идеја реализирана на најдобар можен начин. За успешноста на проектот сведочат искрените насмевки на децата.