Приказна за библиотекарски дом во тивка станбена населба во Тогичи, Јапонија – приказна за белата инспирација во парче дом, изградена по желба на сопственикот, каде архитектот Shinichi Ogawa и неговите соработници го опишуваат како:
„Сериозен читател кој се центрира во куќа висока 20 метри со еднакво висока библиотека во главната станбена површина за дневен престој, која патем вклучува трпезарија и кујна. Остатокот од собите во куќата се наредени во круг околу библиотеката и секоја една од нив има директен пристап до истата, по барање на сопственикот.“
Лента на светлина обезбедува идеални услови за читање која е надополнета со големи прозорци кои упатуваат поглед на дворот и поширокиот свет од околината. Минималистички показател на вистински вкус – како што може да се заклучи од фотографиите во прилог, библио-куќата е мистична и прекрасна како од аспект на ентериер, така и од екстериер.