Kari-Lise Alexander е уметник од Сиетл, позната со своите портрети на жени обвиени со природата. Инспирирана од нејзиното скандинавско потекло, во своите слики вметнува теми од норвешкиот фолклор. Согласно Kari-Lise: „Девојките лебдат во светот на сопствените одлуки, честопати заборавајќи на своите мечти.“ Во нејзините слики мечтите заземаат централен дел; фантазијата водена од инспирацијата создава бајковите слики. Погледнете дел од нејзините дела.