Dihzahyners е тим на уметници кои се стремат да го разубават Бејрут преку вметнување малку боја и живост, поточно Paint Up. Тие велат: „Сфативме дека би можеле да додадеме енергија и живот на нашиот град со едноставна игра со боја на одредени локации.“ Тимот креативно преобразува бетонски скали со различни геометриски шеми и енергични бои.
Со ентузијазам, десетици конзерви боја и многу посветеност, се е готово за миг. Можеби за нас ова е малку повеќе боја на едно место, ама мора да признаеме дека таму изгледа одлично.