Креативно документирање на патување низ светот со својата поубава половина, преку серија фотографии насловена како „Следи ме“, создадена од Murad Osmann. Фотографии кои прикажуваат сцени од гледна точка на фотографот, држејќи ја за рака својата девојка. Свртена со грбот, не свртувајќи го лицето кон апаратот, девојката на Osmann не води во убави и егзотични места. Сите фотографии автентично ја пренесуваат пораката: Следете ја Вашата љубов насекаде во светот.