Уморни од барањето на омилената марама во брзината пред излегување или неуредниот куп во фиоките и кутии низ домот? Ви прикажуваме едноставен, а практичен проект за организација на овој супер моден додаток.
Потребни Ви се:
– закачалка
– прстени за завеса во бања
Доколку сакате да ја закачите на видно место во вашиот дом можете да одберете некоја интересна закачалка или да ја украсите со машничка или исцртате. Наредете ги прстените и закачете ги марамите. Та даам, вашите марами се уредни и прегледни.