Јогата релаксира, а оваа серија фотографии насловена како Yoga Dogs дефинитивно ќе Ве насмее. Хумористични фотографии, дело на Dan Borris, прикажуваат преслатки кучиња во различни јога пози. Идејата за ваква серија фотографии потекнала од кучето Otis, кое постојано го имитирало својот сопственик, правејќи јога пози. Погледнете за што станува збор.