24 годишно момче стои блиску до прозорецот во возот со кој треба да стигне дома, заедно со татко му. Од време на време, тој неочекувано извикува: „Тато, види ги сиве овие дрвја кои се виткаат на ветрот!“. Таткото се насмевна, додека парот кој седеше спроти нив во истото купе зачудено погледна во момчето и со немо жалење го осудија неговото детинесто однесување. Тој повторно, со висок восхит извика: „Неверојатно е како се движат облаците тато, како да трчаат по нашиот воз! Гледаш ли, тато?“. Парот не можеше да се воздржи од ново-настанатата ситуација и мажот се обрати на старецот – „Зошто не го однесете Вашиот син на добар доктор…?“, кога жената се додаде дека е навистина жалосно да се гледа млад човек во таква состојба. Таткото повторно се насмевна и со драго срце им рече: „Го однесов син ми на доктор, штотуку се враќаме од болница кон дома. Мојот син беше слеп од раѓање, денес конечно го врати својот вид…“.