Едно слепо момче седеше на скалите пред една зграда, со шешир пред себе, држејќи плоча со натпис: “Ве молам помогнете! Јас сум слеп.” Во шапкатa имаше само неколку монети.
По улицатa одеше еден човек. Тој извади неколку монети од џебот и ги пушти во шапката. Потоа мажот ја зеде плочата, ја сврте, напиша неколку зборови и се оддалечи. После тоа шапката почна да се полни со парички. Повеќе луѓе почнаа да оставаат пари на слепото момче.
Попладне истиот човек се врати за да види како стојат работите. Момчето го препознало по миризбата и го прашало:
-Нели вие сте човекот кој утринава ја смени мојата плоча? Што напишавте?
Мажот одговорил:
-Јас само ја напишав вистината. Го напишав она што ти го имаше напишано, но на друг начин.
Човекот напишал: “ДЕНЕС Е ПРЕКРАСЕН ДЕН, НО ЈАС НЕ МОЖАМ ДА ГО ВИДАМ.“
Мислите ли дека првата и втората плоча го велат истото? Природно и двете табли кажуваат дека момчето е слепо. Но првата едноставно Ве тера да помогнете, да оставите пари во шапката. А втората Ви кажува дека Вие можете да уживате во прекрасниот ден, но момчето нема да може, бидејќи е слепо, прави да сакате да помогнете.
Понекогаш треба сосема малку, за да размислиме за она кое го имаме и често го прифаќаме здраво за готово. Научете да се заблагодарите за она што животот Ви го нуди! Не заборавајте на тие кои имаат помалку и помогнете им кога можете… затоа што ДЕНЕС Е ПРЕКРАСЕН ДЕН, како што беше вчера и така ќе биде и утре!