Инспирирани од мечтите за летен одмор, плажа и море – ви презентираме не толку едноставен проект каде обичен лустер од хартија се трансформира во прекрасна склупторска светилка. Со малку имагинација и боење, хартијата се метаморфозира во речиси непрепознатлива форма, во длабоко водена боја со текстура која потсетува на рибина кожа – независно дали светилката е вклучена или не!
Што Ви е потребно:
– хартија
– модли на круг
– парафински восок
– сини тонови на боја
– минерално масло
– тенџерче
– пластичен сад
– лустер од хартија
– лепило
Инструкции: првиот чекор е можеби најздодевен бидејќи е потребно да исечете околу 200 кругови од хартија. Вториот чекор е всушност боењето – откако ќе ги измешате боите во садовите, ставете ги круговите хартија да потемнат и да добијат транспарентни океански тонови. Чекор три се однесува на парафинскиот восок: оставете да се стопи во тенџерето врз тивок оган, а откако ќе се стопи додадете минерално масло. Осигурајте се дека круговите се суви пред да ги натопите во оваа течна смеса. Забавниот дел почнува со чекор четири – откако восокот ќе се исуши, почнете со лепење на круговите врз лустерот од хартија. Лепете до самиот врв, додека не добиете изглед на рибина кожа, со ефект на мистериозната длабочина на океанот. Декорирајте со морски детали и мирот на бескрајната морска шир ќе биде постигнат во Вашиот дом.