Психолог шета низ просторијата додека тече обука за стрес-менаџмент пред публика. Како што таа зеде чаша вода и ја крена во воздух, слушателите помислија дека ќе им го постави прашањето за половина полна или половина празна чаша; но, наместо тоа, со насмевка на нејзиното лице, таа праша: „Колку е тешка оваа чаша со вода?“
Одговорите од публиката варираа од 8 мл до 20 мл.
Таа им одговори: „Тежината на оваа чаша вода апсолутно не е важна. Тоа зависи од тоа колку долго ја држите во рака. Доколку се работи за една минута, воошто не е проблем – но, ако ја држите еден час, ќе почувствувате болка во Вашата рака. Ако ја држите цел ден, ќе чувствувате болка и парализираност. Факт е дека тежината на чашата не се менува, но што подолго ја држите, така станува потешка“, продолжи таа.
„Грижите во животот се водата во чашата. Размислувајте за нив од време на време и ништо нема да се случи. Размислете малку повеќе и веднаш ќе почувствувате болка. А ако мислите на нив цел ден, тогаш ќе се парализирате и ќе бидете неспособни да направите нешто.“
Важно е да научите да им се спротиставите на Вашите стресови и грижи. Уште во вечерните часови, не дозволувајте да Ве мачат и во сонот. Утрото е попаметно од ноќта, зарем не? Сетете се да ја спуштите чашата долу.