Многу од познатите холивудски личности застанале пред објeктивот на Andy Gotts. Gotts е фотограф кој веќе дваесет години се занимава со фотографирање на познати личности. Тој работи сам, не сака помошници и стилисти. Неговата прва книга „Степени“ се состои од повеќе од 100 фотографии на познати актери и пејачи. Добитник на повеќе награди, тој е почитуван фотограф пред кого е чест да се позира. Погледнете дел од неговите фотографии.