Дошол денот, во кој кибритчето и рекло на свеќата:
“Имам задача да те поттикнам.”
“O, не” – одби свеќата, – “Само тоа не. Доколку почнам да горам, деновите ми се изброени. Никој повеќе нема да може да се восхитува на мојата убавина.”
Кибритчето прашало:
“A сакаш ли цел живот да останеш ладна и тврда, без пред тоа да си живеела?”
“Но согорувањето предизвикува болка и ме истоштува.”
“Така е”, одговорило кибритчето. – “Но, всушност тоа е тајната на нашето постоење. Постоиш за да создадеш светлина. Малку е она што можам да го направам, но ако не те поттикнам, ќе ја загубам смислата на своето постоење. Јас сум тука за да создавам оган. Ти си свеќата, ти треба да светиш за другите и да создаваш топлина. Се што ќе почуствуваш како болка и страдање, се претвора во светлина. Тоа нема да се изгуби ако исчезнеш. Други ќе продолжат да го носат твојот оган. Само ако се откажеш, тогаш навистина ќе умреш. “
Тогаш свеќата го извадила својот фитил и рекла исполнета со исчекување:
“Те молам, запали мe…”
Секој создаден предмет од страна на човекот има своја намена и сечие постоење има своја цел и смисла. Пронајдете ја смислата на Вашето постоење и со полн здив чекорете кон нејзино исполнување. Без страв проживејте го својот живот.