Серија типографски илустрации со потпис на Fernando Vicente, авторот на „Гламурозни денови“, кои потсетуваат на картографска книга на потеклото на книжевностите. Со потекло од Шпанија, овој сликар и илустратор за себе говори дека ги цени сите форми на уметност, вклучувајќи ја и книжевната во истите. Во својот роден Мадрид тој твори, создава и чита, открива нови пространства; а во овој проект во облик на атлас – исечоци од карти, тој ги илустрира географските поединости (случајно концентрирани во Јужна Америка) на книжевни упоришта. Можеби како почит кон Габриел Гарсија Маркез?