Имате слободно време и неограничена креативност? Тогаш Ви ја претставуваме оваа идеја за изработка на прстен од лажица. Иако звучи невобичаено и несекојдневно, сепак преку неколку едноставни чекори Вашиот прстен ќе биде готов.
1. Потребно:
-лажица (или вилушка);
-сечач за метал;
-хартија за брусење;
-клешти;
-хартија и пенкало;
2. Најпрвин одлучете каков вид на прстен сакате да направите и според тоа, измерете која големина Ви е потребна.
3. Пресечете ја лажицата во должина која Ви е потребна.
4. Исечете ги и острите делови на крајот.
5. Избрусајте го исечениот дел со хартија за брусење.
6. Со клештите извиткајте го потребниот дел.
7. Проверете дали Вашиот прстен е со соодветна големина. Ако имате потреба пак искористете ги клештите.
8. Вашиот прстен е готов!!!