По долгата апстиненција од музичката сцена и неодамнешната венчавка со Џесика Бил, миленикот на милиони девојки ширум светот повторно им ги згреа срцата со визијата за безвременскиот кавалер во „Suit and Tie“, иако предизвика серија поделени мислења за квалитетот и изборот на промотивната нумера на неговиот нов албум. Во продолжение, следува неговиот втор сингл кој носи наслов „Mirrors“, а е потпишан од Тимберленд. Ако уживавте во стилот на Џастин од 2002 година, односно секогаш омилената „Cry me a River“, верувајте дека ќе уживате во добро-познатиот рецепт за скршено срце на овој, и не веќе толку достапен, миленик на женската популација. Своевидно огледало каде лицето и опачината на истото се во временска пропорција 2002/2013.