Од дамнешни времиња, се верувало дека тајната на вечниот живот која соодвествува со неисцрпна енергија е сокриена во недостапноста на нектарот, познат како пијалок на боговите; кој неретко се сметал за врвно задоволство и невозможен пристап поради луксузот на неговата намена. До денешни времиња, ова поимање драстично се менува поради фактот што луѓето своевидно ја откриваат тајната која практично им стоела пред носот – неговото Височество, кафето, како божествена напивка која ги решава сите проблеми. Големо или мало, слатко или горко: сите веруваат во нешто, додека повеќето резиденти на планетата Земја, во името на подобро функционирање, веруваат во кафе.