Наменето на девојките кои сакаат oversized чанти, првенствено поради можноста да складираат мал арсенал на женствени производи за кои е неизвесно дали навистина се потребни во текот на еден ден. Нашиот денешен предлог за плик-чанта која одговара и за дневни и за вечерни излегувања е составена од неколку едноставни чекори…
Потребно Ви е:
– скалпел
– цврст конец
– копче
– хамер хартија
– материјал, имитација на кожа
Во суштина, мали шивачки финеси ќе Ви бидат од корист при овој подвиг: 1. дизајнирате величина врз хамерот. 2. Поставете ја шемата врз материјалот и внимателно исечете со скалпел. 3. Означете рабови на двојната шема. 4. Врз означените рабови, поминете со конец. 5. Првиот дел (А) треба да се покрие со вториот дел (В). 6. Сошијте ги страничните рабови и финиширајте со шиење на триаголникот на врвот. 7. Направете мало дупче каде ќе го сместите копчето. 8. Честитаме, штотуку си направивте своја плик-чанта!