Своевидна ренесансна оптичка илузија која делува речиси едноставно и здодевно, е во суштина, најверојатно иновативен принцип на игра со сенки, куртоазно претставени од страна на уметникот Пабло Гарсија. Со користење на техника која што самиот ја нарекува „profilography“, тој трансформира серија на цртежи од 16 профили, дело на германскиот уметник Албрехт Дирер. Континуитетот на профилниот лик преку 3D ефект на затворена контура, се монтира врз моторно управувано вретено, истовремно осветлено со тангентна светилка при што анимира серија на човечки силуети во morph ефект. Крајниот резултат е прекрасен – додека готовиот производ е интригантен, истовремно претставува убавина од свој ред.