За сите обожувачи на рустикалниот стил, каде уживањето во добро вино не поминува без уникатен подметач. Во оваа прилика, Ве организираме да направите сами дрвени подметачи кои ќе Ви послужат во различни прилики. Со нив, и обичното попладневно кафе ќе добие шик ефект.
Потребно Ви е:
– парчиња дрво
– хартија за прекопирање
– инк-џет принтер
– лепило
– четка
Како да го изведете овој проект? 1. Најпрвин, утврдете го дизајнот. 2. Со четка нанесете мазен слој лепило врз парчето дрво. Бидете сигурно дека сте ја покриле целата површина каде што планирате да го сместите дизајнот. Дозволете лепакот целосно да се исуши. 3. Испечатете обратна слика врз хартијата за прекопирање. Откако ќе го имате дизајнот на тенката хартија, нанесете ја со лицето врз лепилото – силно притиснете и бидете трпеливи во следните 8 часа, додека не се исуши. 4. Откако лепилото ќе се исуши, парчињата дрво ставете ги под млаз топла вода се додека хартијата не се одлепи од дрвото. Кога сите чекори ќе ги завршите, Вашите подметачи се спремни за да ја видат светлината на денот!