„Децата започнаа да го читаат Хари Потер уште од основно училиште, ја завршија неговата приказна како што заврши низата животни пресвртници во последната деценија. И тие со себе не понесоа само длабоко искуство на задоволство од една книга, туку вистинска валидност на надежта дека делата на една личност се поважни од околностите, и порака дека вистинската љубов победува се’“.
– Артур Левин, издавач и потпреседател на Scholastic
На петнаесет годишнината од првото издание на култната приказна за Хари Потер, наградуваниот илустратор Kazu Kibushi создава нови насловни страници на седумте книги на J.K. Rowling кои се најавени за септември 2013 година. Фановите на овој лик ќе се израдуваат на новитетот во нивното патување низ приказната, имено поради новото и возбудливо менување на кориците – Каменот на мудроста е првата од седумте нови корици, каде илустраторот се изразува со „повеќе од надреално“, повеќе од добро-позната и длабоко ценета сцена од омилените книги. Секоја сама по себе карактеристина и незаборавна, продадена во преку 200 земји, 73 јазици и повеќе од 450 милиони продадени копии, за прв пат по својата премиера на литературната сцена, доживува своевиден makeover и помодерно претставување во светот на книжевноста. Во прилог, може да ги воочите разликите помеѓу првото издание од 1998 година и новото, од 2013 година.