Со разноликиот дизајн, материјал и форма, теписите, килимите и теписоните се многу повеќе од предмети за прекривање на подот, денес се издвојуваат како начин на себеизразување и акцентирање на просторот. Инспирирани од ова, нашата примарна цел е да Ве поттикнеме во избор на интересен, пред обичен тепих.
Нашата селекција вклучува парчиња чии дизајни се колоритни, инспирирани од природата, игрите, храната, уметноста – секое парче поразлично од другото, наменети за дополнување на тинејџерските соби и разбивање на монотонијата во деловните простори, развеселување на детските соби и постигнување на сјајно колоритен ефект во собите за дневен престој. Доколку имате можност, би било вистинска штета да одберете еден обичен и досаден поден елемент, покрај толку креативни подни прекривки кои се издвојуваат како несекојдневни парчиња. Затоа, за позабавни и уникатни домови, бидете храбри и поставете креативно и необично парче на Вашиот под.