Прекрасно видео со наслов A Bird Ballet, направено од Neels Castillon и тоа сосема случајно. Со намера да снима музички видео спот, режисерот се нашол на оваа локација каде одненадеж се појавило јато од илјадници птици на небото, кои почнале елегантен танц на зајдисонцето, кој бил документиран од вчудоневидениот Castillon. Уживајте.