Центарот на Русија, Москва е величествен град кој воедно е еден од најубавите европски градови. Градот со долга историја и традиција може да се пофали со богата култура, која треба да се посведочи и доживее. Со таа цел, пред вистински да отпатувате, Ве носиме на едно виртуално патување во прекрасниот град, презентирајќи го ова timelapse видео преку кое ќе прошетаме по најпознатите улици, ќе поминеме крај најубавите градби и ќе уживаме во уметничките фонтани и споменици во Москва. Уживајте!