На лекар, на аеродром, на факултет, на автобуска станица…во целата нервоза поради чекањето кога сите столчиња се зафатени, Вие сте принудени да стоите. Секако постои опцијата да се потпрете, но валканите ѕидови одвратуваат од оваа помисла. Со ова на ум, дизајнерот Avihai Shurin го направи ѕидниот потпирач со едноставен и паметен дизајн кој овозможува нежно клатење и е наменет за потпирање и релаксирање во ваквите напнати моменти. Паметно, нели?