„Најдов гасеница на парче кора од дрво додека работев на фармата пред некој ден. Можеби не требаше да ја донесам дома, но бев во исчекување да видам што ќе се случи со неа. По неколку денови живот во тегла, суштеството почна да менува бои и полека почнаа да наѕираат крила од телцето… тоа беше апсолутно фасцинантен момент. Стаклото низ кое ја гледав, кога за прв пат ги отвори своите крилја и кога јас ја ослободив. Каква паралела во убавината на животот!“
вели Kenzie Reynen, авторот на оваа фотографија. Метаморфозата на еден навидум омразен инсект поради својата грда надворешност, преку борба да прерасне во нешто најубаво познато на природата.