Ироничен, арогантен, анти-социјален, зависник од апчиња против болки, медицински гениј – Доктор Хаус е миленик на многумина. Одвоивме неколку негови мисли за животот, љубовта, болестите и пациентите, на момент саркастични, но фантастични и интересни, како и самиот тој.
- И луѓето на умирање лажат. Посакуваат да работеле помалку, да отвореле сиропиталиште за мачиња, да биле подобри и похумани. Ако навистина сакаш нешто, ќе го направиш… нема да го чуваш за последен миг.
- Знаеш што е полошо од тоа да си бескорисен? Бескорисен и несвесен за тоа.
- Се’ што правиме е диктирано од мотивот.
- Грешките се онолку сериозни колку резултатите кои ги предизвикуваат на крајот.
- Нема тенка линија меѓу љубовта и омразата. Всушност има цел Кинески Ѕид со вооружени стражари на секои 20 метри, меѓу љубовта и омразата.
- Единствениот проблем кога спиеш со непознати е што тие… не ти се познати.
- Добрата работа кога ќе кажеш некому дека умира е дека тие се фокусираат на своите приоритети. Дознаваат што е најважно за нив. За што би умреле, за што би излажале.
- Очите може да заведат, насмевката да залаже, но чевлите секогаш ја кажуваат вистината.
- Нападите се интересни за гледање, а досадни за дијагностицирање.
- Религијата е симптом на ирационално верување и неоснована надеж.
- Се’ е за никаде. Но, секогаш може да се најде нешто што ќе те насмее.
- Основната вистина на човековата состојба е дека сите лажат. Единствената разлика е за што.
- 20 годишните се заљубуваат и одљубуваат почесто одколку што ги менуваат филтрите за масло, а тоа е она што треба да го прават почесто.
- Ако му зборуваш на Господ, тогаш си религиозен. Ако Господ ти зборува, тогаш си лудак.