Соработката на Дејвид Бекам со H&M продолжувa. За новата колекција долна облека беше изработен краткометражен филм режиран од Гај Ричи. Разголениот фудбалер трча низ улиците и дворовите низ Лос Анџелес, носејќи само боксерки од новата колекција. Според коментарите по социјалните мрежи, особено од понежниот пол, видеото го постигна посакуваниот ефект.